Нигериец со американски пасош и оружје без дозвола нападнал полицаец во Градскиот парк во Скопје, па е уапсен

130

Полициски службеници од СВР Скопје рано утрово лишиле од слобода 37-годишен државјанин на Нигерија, откако физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Инцидентот се случил на 21 декември 2025 година околу 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје. Уапсениот У.И.У., кој поседувал американски пасош и лична карта, при проверка и преглед бил затекнат со огнено оружје.

Кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „Глок“, две рамки и 30 куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен кривично-правен поднесок против лицето.

ИЗДВОЕНИ