Oткако е оваа Влада, ние немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата, што не е случај во околината. Ако ги гледате другите држави, ќе видите дека таму е покачена електричната енергија за 15-20, а во некои земји од соседството и за 30 процент, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека според „Евростат“ и според сите други параметри, ние сме држава во Европа што има една од најниските цени на електрична енергија за домаќинствата.