Нема план „Б“ за Македонија како што има за Украина и доколку има некој друг план тоа значи дека ЕУ се откажала од планот „А“, рече високата претставничка за надворешна политика Каја Калас на денешната прес конференција во Скопје.
„Ние се фокусираме на план „А“ и се обидуваме планот „А“ да профункционира, затоа што кога се префрлате кон план „Б“ тогаш план „А“’ излегува од игра. Можеби ви звучам како да зборувам шифрирано но се уште се надедаме дека планот „А“ ќе профункционира и работиме на тоа. Доколку не, тогаш ќе поминеме кон следната фаза“, објсни Калас.