НФЛ играчот на Хјустон Тексанс, Џими Ворд (33), е уапсен за напад и семејно насилство, објавија американските медиуми. Ворд наводно бил уапсен околу 5:30 часот наутро во четвртокот во неговиот дом во Манголија, Тексас. Тој беше приведен под обвинение за напад и семејно насилство.
- Свесни сме за извештајот, во кој е вклучен Џими Ворд. Собираме повеќе информации и во овој момент немаме понатамошни коментари, соопшти неговиот клуб.
Ворд моментално закрепнува од операција на стапалото. Тој е член на Тексанс од 2023 година, а пред тоа играше за Сан Франциско осум години.