Уште една шокантна вести ни пристигна од САД, во која се вели дека 24-годишниот играч на Далас каубојс, Маршон Ниленд, е пронајден мртов во близина на Далас. Неговата смрт се случи само по три дена откако го постигна својот прв професионален тачдаун.
Далас каубојс ја потврди веста за смртта на младиот играч со срцепарателна изјава објавена на неговата веб-страница.
- Со длабока тага ја споделуваме веста дека Маршон Ниленд трагично почина утрово. Тој беше сакан соиграч и член на нашата организација. Нашите мисли и молитви се со неговата девојка, Каталина, и со неговото семејство – соопшти клубот.
Според ТМЗ, Ниленд бил пронајден во раните утрински часови, со прострелна рана. Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство.
Полицијата во Фриско потврди дека го пронашла кратко по полноќ, откако претходно избегал од полицијата при обид за сообраќајна контрола. Неговото возило излетало од патот и веднаш била почната потрага.
Полицијата користела кучиња, дронови и повеќе единици на терен за да го лоцира. По интензивна тричасовна потрага, било пронајдено неговото тело.
ТМЗ објави аудиоснимка од службите за итни случаи како комуницираат со неговата девојка, Каталина. Таа наводно ѝ кажала на полицијата дека тој имал пиштол и дека имал историја на проблеми со менталното здравје.
НФЛ, исто така, ја контактирала локалната полиција откако Нилeнд испратил пораки до своето семејство, за збогување.
Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена, ќе ја утврди Канцеларијата на медицинскиот тим на округот Колин.
Трагедијата се случила само по три дена откако Ниланд го постигнал својот најголем момент во кариерата: својот прв тачдаун во НФЛ ,против Аризона кардиналс.
Тој беше избран во втората рунда од НФЛ-драфтот во 2024 година, по одличната кариера на Универзитетот „Западен Мичиген“. Само неколку дена пред драфтот, ја загуби својата мајка, Венди.
Во текот на својата дебитантска сезона, тој пропушти шест натпревари поради повреда, но играше на 11 натпревари и покажа огромен потенцијал. Вкупно играше во 18 НФЛ-натпревари, од кои на четири беше стартер.











