Нежно како и неговиот цвет: Маслото од ова диво растение ги брише брчките како никогаш да не постоеле, а кожата станува мека како сатен

74

Веројатно сте запознаен со благодатите на чајот од шипка, но многумина не знаат дека неговото масло е многу корисно за здравјето и кожата.

Моќно масло од природата

Маслото од шипка е богато со пигменти кои ја поттикнуваат регенерацијата на клетките на кожата и го забавуваат процесот на стареење. Исто така, маслото од ова растение е одлично за намалување на темните кругови под очите благодарение на присуството на метанол, кој помага во спречувањето на темните кругови под очите, објавува kurir.rs.

Со комбинирање со други природни состојки, можете да создадете моќен крем за нега на кожата кој ги намалува темните кругови и брчките.

Потребно:

  •  половина лажица рендан пчелин восок
  • 1 лажица шеа путер
  • 2 лажици масло од сладок бадем
  •  10 капки масло од витамин Е
  • 1 лажица масло од шипка
  • 5 капки есенцијално масло од темјан (помалку е во ред)
  • 3 капки есенцијално масло од роза

Подготовка:

Растопете го пчелиниот восок, шеа путерот и маслото од сладок бадем на пареа. Мешајте додека состојките не се растворат. Изладете малку, потоа додадете масло од шипка, витамин Е и есенцијални масла. Истурете ја добиената смеса во една или повеќе стаклени тегли. Оставете кремот добро да се стегне пред употреба.

Рок на траење на овој крем е 3 месеци.

Може да сте чувствителни на есенцијални масла, затоа не заборавајте да ги тестирате на мала, скриена површина од вашата кожа пред да го подготвите.
Пред да нанесете крем за очи, направете рутина за чистење на лицето и нанесете соодветни дневни креми.

ИЗДВОЕНИ