Незгоден момент во Брисел: Вучиќ пред камерите, откри дека добил порака од Москва, фон дер Лајен го прекина/ВИДЕО

609

Александар Вучиќ ја презентираше идејата за заеднички влез во ЕУ на сите земји-кандидатки од Западен Балкан во среда вечерта во Брисел.

По работниот состанок, следеше официјална фотосесија со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Додека одеа кон подиумот, камерите случајно фатија еден незгоден момент.

Веројатно несвесен дека околу него има микрофони, Вучиќ се обиде да ѝ каже на Урсула фон дер Лајен дека „сега има порака од Москва“, а таа веднаш го прекина:
„Да почекаме додека не…“, рече таа, но не ја заврши реченицата. Очигледно сакаше разговорот да продолжи без камерите.

Во тој момент, Антонио Кошта не знаеше каде да застане, па претседателот на Комисијата му вели:

„Мој пријателе“, и му покажува каде да застане.

Која порака донел Вучиќ од Москва веројатно дознале дури на вечерата која ги чекаше.

ИЗДВОЕНИ