сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Независниот кандидат Милосим Војнески се повлече од вториот круг во Македонски Брод

Независниот кандидат Милосим Војнески се повлече од вториот круг во Македонски Брод

78

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка во вториот круг. Тој потенцира дека е време за обединување и ставање крај на поделбите.

„Ви благодарам од срце за големата поддршка што ми ја укажавте во првиот круг од локалните избори. По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка. Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент. Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена“, пишува Војнески на Фејсбук

ИЗДВОЕНИ