четврток, февруари 19, 2026
Дома БАЛКАН Незапамтено невреме ја парализира Романија: 200 илјади домаќинства останаа без струја

Незапамтено невреме ја парализира Романија: 200 илјади домаќинства останаа без струја

20
screenshot X Aeronews @AeronewsGlobal

Голем број домаќинства, околу 200.000, останаа без електрична енергија вчера, откако обилните снежни врнежи и дожд ја погодија Романија.

Невремето предизвика и големи проблеми во сообраќајот. Патиштата беа блокирани, а десетици возови доцнеа, изјави министерот за енергетика Богдан Иван, пренесува Ројтерс.

Јавниот превоз беше отежнат во главниот град Букурешт, кој беше покриен со околу 40 сантиметри снег.

Паднатите дрвја го прекинаа патниот и железничкиот сообраќај, а училиштата беа затворени во неколку градови.

Националната агенција за реагирање во вонредни ситуации објави дека дури десет амбулантни возила биле заглавени во снегот во шест општини.

– Од 200.000 погодени домаќинства, снабдувањето со електрична енергија е обновено за околу 86.000. Проблеми се регистрирани во 266 градови – продолжи Иван.

Министерот додаде дека просечната потрошувачка на електрична енергија во Романија изнесува 7,4 GW, а вишокот произведен во ветерните и хидроелектраните е извезен.

Тој, исто така, изјави дека производството се зголемило за 11 проценти, а потрошувачката за 6 проценти, во споредба со претходната година.

 

ИЗДВОЕНИ