Невреме во струмичко: Дрво падна врз автомобил, интервенираа пожарникарите

91
Фото: Facebook / Пожарникари - Струмица

Територијалната против пожарна единица Струмица информираа за своите тековни активности кои ги спроведувааат во сличај на незгода, пожар или елементарна непогода.

-Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо Китанов, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 2 пожарникари-спасители интервенираше на отстранување на паднато дрво врз автомобил, објавија на нивниот Фејсбук профил.

За кратко време дрвото е отстрането од улицата. Инаку вечерва струмичкиот крај беше погоден од силно невреме со град.

ИЗДВОЕНИ