Невреме со поплави во Франција – настрадани се најмалку три лица/видео

246
Најмалку три лица настрадаа при силното невреме што ја зафати вчера југоисточна Франција, пренесе Хина.
Меѓу настраданите е брачна двојка од покорскиот град Ле Лаванду чие возило го однела водата при силното невреме.
Гил Бернарди, градоначалник на Ле Лаванду ги опиша случувањата на „воени сцени“ „урнати патишта“ и „урнати мостови“.
Тој наведе дека станува збор за несфатлив феномен и дека нема вода, струја ни систем за прочистување на отпадните води.

Портаролот на железничкиот оператор СНСФ изјави дека сообраќајот ќе биде прекинат меѓу Аген и Марманде во југоисточна Франција ќе биде прекинат „најмалку неколку дена“.

Данте Ринаудо, градоначалник на Тонеинс опиша „лавини вода“ и порача дека „катастрофата е избегната за влакно“.

Прекин на струја и вода е забележан во неколку градови вклучително со Кавалер, каде што паднале 250 милиметри вода на час.

ИЗДВОЕНИ