Ова доаѓа по протестите на жителите од селото, кои предупредуваа на опасноста за поплава на селото поради огромната сеча на шума. Тие алармираа за тоа повеќе од седум дена. Опасностите од првиот дожд завчера беа видливи на самото место, што покажува колку може сечењето на шумата да ги загрози животот на граѓаните и нивното живеење таму
Силно невреме проследено со град, кое траело повеќе од 40 минути, го поплавило селото Љубојно. Дождот ги зафатил дворовите, улиците и куќите.
Ова доаѓа по протестите на жителите од селото, кои предупредуваа на опасноста за поплава на селото поради огромната сеча на шума. Тие алармираа за тоа повеќе од седум дена.
Дел од жителите на селото што протестираа против сечата на шумата, се соочија со казни, но немаат намера да се откажат од својот отпор и ќе продолжат со протестите. Опасностите од првиот дожд завчера беа видливи на самото место, што покажува колку може сечењето на шумата да ги загрози животот на граѓаните и нивното живеење таму.
Напорите на граѓаните да спречат поголеми катастрофи беа прекинати токму од овој дожд, како нивно предвидување. Секое поголемо невреме може да биде катастрофално за Љубојно и за сите што живеат во него.
Во јавноста расте поддршката за жителите, кои се борат, но и за зачувување на скапоцената природа, која потпаѓа под рацете на профитот.
Од Владата објаснуваaт дека е регуларна сечата и дека се спроведува од шумско-стопанската единица „Пелистер – Брајчино“.
– Дабот има сечна зрелост согласно со сите научни принципи. Оваа сеча е само една од стотиците во Македонија, спроведена по закон и со целосна контрола. Направен е премер од стручни лица, изготвен е план рецензиран од комисија, кој е одобрен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – велат од Владата.