Мотивот за убиството на припадникот на војската во селото Батинци била невозвратена љубов, а не нерасчитени криминални сметки со подземјето како што се шпекулираше во јавноста.Ќерката на 50-ет годишната жртва на ладнокрвното убиство не сакала да се омажи за убиецот кој е во бегство. Последното нејзино одбивање било непосредно пред убиството, додека таа била на медицински преглед заедно со нејзиниот несреќен татко. Осомничениот и се јавил по телефон и почнал да и се заканува. На пат кон дома, на влезот на селото Батинци, патот им го попречил убиецот, излегол од неговото зелено возило, во градите на таткото испукал неколку куршуми, по што избегал. Според полициските информации осомничениот за убиството на припадникот на АРМ бил баран со потерница, за друго убиство како припадник на криминална група. Настанот се случи сред бел ден и предизвика немир и загриженост по безбедноста на жителите на ова скопско село. (П.А.)