
Како во изминатата, така и во актуелната сезона, Манчестер Јунајтед е предмет на исмејување најмногу поради очајните резултати во Премиер лигата. Предводникот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, со месеци не може да врзе две победи по ред, а серијата критики кон португалскиот стручњак, добија на интензитет после поразот (3:1) на гостувањето кај Брентфорд.
Ситуацијата во Јунајтед ја коментираше и клупската легенда, денешниот стручен коментатор на „Скај Спортс“, Гари Невил.
„Овој тим на Манчестер Јунајтед не трча доволно силно, не трча доволно брзо и е апсолутно празен и му недостасува самодоверба. Тие се мачат веќе 12 месеци, а никој не им помага“, почна Невил и продолжи:
„Можеби некои би рекле дека не заслужуваат помош, дека мораат сами да си помогнат. Го разбирам тоа, но бев во тимови кои се мачат, бев менаџер на тим кој се мачи, каде што гледате дека тимот страда и му треба нешто, а тоа мора да дојде одозгора. Но, денес беше уште еден пад и се чини дека Манчестер Јунајтед може постојано да ги надминува своите претходни падови бидејќи реалноста е дека ова е навистина, навистина лошо.“
Невил ги гледа сопствениците на клубот меѓу главните виновници за актуелната ситуација.
„Не можете да обвинувате поединечен играч или тренер, мора да погледнете нагоре, мора да погледнете кон самиот врв сега и оваа недела, искрено, тие играчи ќе бидат на удар, тренерот, спортскиот оддел, новиот извршен директор, сите ќе бидат на удар. Има едно семејство таму во Америка кое буквално ги остава своите вработени да ги трпат сите тепања наместо нив, а тоа е неоправдано. Мора да се качат на авион, Џоел Глејзер мора да се качи на авион утре, мора да стигне до Манчестер и мора да почне да ги пренасочува проблемите подалеку од клубот и да им кажува на сите каков е неговиот план за фудбалскиот клуб. Што прави тој?.“, заврши Невил.
Кога е во прашање последното првенствено коло, Јунејтед ја искористи предноста на домашниот терен и забележа триумф од 2:0 против новајлијата во елитното друштво, тимот на Сандерленд.