Невидена борба за дресот на Лука Модриќ

71
epa12318967 Ac Milan's Luka Modric in action during the Italian serie A soccer match between Milan and Cremonese at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 23 August 2025. EPA/MATTEO BAZZI

Многу повеќе се очекуваше од натпреварот меѓу Јувентус и Милан што се одигра во Торино, но едно од најголемите италијански дербија заврши без голови.

„Росонерите“ сигурно имаат за што да жалат бидејќи пропуштија неколку шанси. Секако, најзначајна е ситуацијата во 53-тата минута кога гостите добија пенал но американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ на го претвори во погодок.

Сепак, по судирот меѓу Јувентус и Милан, Лука Модриќ повторно е главна тема на италијанската јавност, со оглед на тоа што 40-годишникот одигра уште еден одличен натпревар.

Иако е во доцните играчки години, Модриќ уште еднаш покажа дека е речиси совршен фудбалер и беше еден од најдобрите играчи на „Алијанц арена“.

Големината на Модриќ најдобро ја покажа ситуацијата на крајот од натпреварот кога неколку играчи на Јувентус му пристапија и го побараа неговиот дрес, но еден од нив беше помудар и го обезбеди дресот на хрватскиот интернационалец пред почетокот на натпреварот.

Турскиот фудбалер за кој станува збор е Кенан Јилдиз, кој имал разговор со Модриќ во тунелот пред натпреварот и се договориле да разменат дресови на крајот од натпреварот.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јилдиз му се приближил на Модриќ и дека имале срдечен разговор, а на крајот го прашал дали сака да ги разменат дресовите, на што Хрватот се согласил.

Откако судијата означи крај на натпреварот, уште неколку играчи на Јувентус му се приближиле на Модриќ за да го побараат неговиот дрес, но Хрватот морал да ги разочара и им рекол дека веќе го договорил тоа со еден од нивните соиграчи.

На крајот, Јилдиз повторно му се приближил на Модриќ и повторно разговарале, а откако влегле во тунелот ги размениле дресови, пишува „Газета дело Спорт“.

Нерешениот резултат помеѓу Јувентус и Милан го искористија Наполи и Рома за да се искачат на врвот на табелата во Серија А.

„Азурите“ се први со 15 бода, исто колку и Рома, додека Милан сега е трет, со два бода помалку. Сепак, Интер и Јувентус го држат чекорот со лидерите, со по 12 бода по шест натпревари.

ИЗДВОЕНИ