Неверојатно е што Џокереш ѝ направи на својата девојка

1508
epa11919278 Viktor Gyokeres of Sporting poses after scoring the 0-2 goal during the Portuguese First League soccer match between AVS Futebol against Sporting CP, in Vila das Aves, Portugal, 23 February 2025. EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAUJO

Најголемата трансфер цел на Арсенал е Бенџамин Шешко, но додека раководството на Арсенал го гледа Словенецот со едно око, другото е насочено кон Виктор Џокереш, па затоа сè уште не е лесно да се каже кој од двајцата ќе ја засили офанзивата на „топџиите“.

Шешко некогаш беше на прагот да се приклучи на Арсенал, но лондонскиот клуб сега го има на нишан одличниот напаѓач на Спортинг од Лисабон. Сепак, трпението е при крај и Микел Артета сака што поскоро да доведе напаѓач, за да го однесе на азиската турнеја за две недели.

И англиските и португалските медиуми во последните денови објавија дека Џокереш е решен да не се врати во Спортинг и дека е лут и на раководството на португалскиот клуб затоа што поставило многу висока цена за него. Најновата луда приказна од Португалија, исто така, сугерира дека тој е подготвен да направи сè за да игра во Премиер лигата (се вели дека и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него).

Локалните медиуми открија дека тој раскинал со својата девојка, португалската актерка Инес Агиар, без очигледна причина. Наводно, го направил ова за да ги прекине врските со Португалија и да стави до знаење дека ја сака само Англија. Можеби ова ќе го убеди раководството на Арсенал да го избере него наместо Бенџамин Шешко.

Шпекулациите за нивното раскинување почнаа да се појавуваат пред некое време, кога Инес не присуствуваше на свадбата на соиграчот на Виктор, Мортен Хјулманд, и тие моментално ги поминуваат одморите одделно, тој во Грција, поточно на островот Миконос, а таа во Шпанија.

Португалските медиуми се повикуваат на извор близок до шведскиот напаѓач кој вели дека ривалот на Шешко одлучил дека повеќе не сака да има никаква врска со Португалија. Особено затоа што тој јасно ја изразил својата желба повеќе да не игра за Спортинг.

Девојката, претпоставуваме, е многу разочарана од потегот на шведскиот репрезентативец и еден од најбараните напаѓачи на денешницата.

Неговата статистика минатата сезона е неверојатна. На 52 натпревари за лисабонскиот тим, тој постигна 54 гола со 13 асистенции и беше најзаслужен за титулата.

Тој е редовен стрелец во настапите за шведската репрезентација, а вредноста на овој 27-годишник моментално е 75 милиони евра.

Џокереш имаше трнлив пат до славата, како и многу други напаѓачи. Играше во Шведска во помалку познати тимови, како дете работеше на теренот ден по ден, верувајќи во остварувањето на својот сон и чекајќи ја првата вистинска можност за некаква конкретна заработка, далеку од дома.

Брајтон го купи за само 500.000 евра во 2000 година, потоа го позајми на Сент Паули и Свонси, за подоцна да биде откупен од Ковентри.

Постигна 43 гола и имаше 17 асистенции во 116 натпревари за Ковентри, што доведе до трансфер во Спортинг, а потоа започна „чудото“.

ИЗДВОЕНИ