Силниот снег и мразот целосно го парализираа сообраќајот на делницата Дивчибаре-Ваљево, каде што возачите беа принудени да излезат од своите возила поради небезбедни услови.
Денес, во некои делови од Србија наврна силен снег, што некои делови ги направи речиси непроодни. Една таква сцена е снимена на патот Дивчибаре-Ваљево, каде што се формираа големи количини мраз.
Видеото е објавено од Инстаграм страницата „divcibare_live“, а поради снежните врнежи што ја зафиатија Србија, на возачите им се препорачува да возат внимателно и безбедно.
Како што може да се види на видеото, возилата на овој дел од патот едвај се движат, додека некои возачи излегоа од своите автомобилите бидејќи не беше безбедно да продолжат да возат.
Во источна Србија е на сила портокалова временска тревога, во Војводина зелена, а во остатокот од земјата жолта временска тревога.
Претходно денес, Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде предупредување за подрачјето на Источна Србија за формирање снежна покривка од 10 до 20 сантиметри во пониските региони на Тимок и Неготинска Краина, како и повеќе од 30 до 40 сантиметри во планинските региони на Карпатскиот регион.
Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ исто така апелираше до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на условите на патот поради снежните врнежи и формирањето снежна покривка.
View this post on Instagram












