На социјалните мрежи се шири видео од застрашувачка несреќа во која падобран се заглавил на завршетокот на крилото на авион високо на небото над Австралија. Другите скокачи можеле само да гледаат во ужас. По излегувањето од авионот, рачката на резервниот падобран одеднаш се заглавила на завршетокот, при што го активирала. Падобранот насилно го повлекол несреќниот скокач наназад, заплеткувајќи го на опашката на авионот на надморска височина од околу 4.550 метри. Покрај тоа, авионот се движел со брзина од 160 км/ч.
Додека тринаесет други падобранци скокале, човекот се борел со јажињата. Благодарение на неговата смиреност и брза реакција, тој успеал да ги пресече сите 11 линии од својот резервен падобран за помалку од една минута. После тоа, успеал да го отвори главниот падобран и безбедно да слета на нозе – претрпел само мали исеченици и модринки на долниот дел од нозете.
Тој е искусен авантурист, со повеќе од 2000 скокови, а несреќата се случила на 20 септември, околу 10 часот наутро. Самиот пилот не бил свесен што се случува зад него, објавува The Sun.
„Пилотот изјавил дека почувствувал како авионот одеднаш почнува да се крева и забележал ненадејно намалување на брзината. Почувствувал вибрации на контролите и морал брзо да реагира за да одржи правилен и стабилен лет. Првично, не знаејќи што се случува, пилотот помислил дека авионот влегол во застој и ги турнал контролите напред и додал моќност“, рече Ангус Мичел, главен комесар на ATSB.
Се вели дека бил подготвен да скокне ако процени дека нема доволно контрола за слетување. За среќа, откако се спуштил околу 750 метри, се чувствувал доволно самоуверен во можностите на авионот.
Мичел рече дека инцидентот треба да им послужи како потсетник на падобранците секогаш да бидат внимателни со рачките на падобранот, особено кога излегуваат од авион. „Носењето нож со кука, иако не е регулаторен услов, може да спаси живот во случај на предвремено отворање на резервниот падобран“.
View this post on Instagram












