Неверојатна приказна од Чиле: Вработен по грешка добил 330 пати поголема плата, судот одлучил дека може да ја задржи

196

Неверојатна приказна доаѓа од Чиле, каде што вработен во прехранбена компанија погрешно примил дури 330 пати поголема плата и на крајот не морал да ги врати парите. Човекот, кој работел како асистент во компанијата „Дан Консорсио Индустриал де Алиментос де Чиле“, обично заработувал околу 500.000 чилеански пезоси месечно, што е приближно 450 евра, пишува „Сан“.

Но, еден месец доживеал вистински џекпот кога неговиот работодавач погрешно му платил дури 165 милиони пезоси, односно околу 148.000 евра.

Првично, компанијата тврдеше дека вработениот се согласил да ги врати парите откако разговарал со одделот за човечки ресурси. Сепак, три дена подоцна, работникот дал отказ и исчезнал. Неговите работодавци одлучиле да го тужат, обвинувајќи го за кражба, што можело да резултира со затворска казна до 540 дена.

Но, по тригодишна правна битка, судија во Сантијаго ги отфрлил обвиненијата, пресудувајќи дека тоа не е кривично дело. Судот го окарактеризирал случајот како „неовластено притворање“, што не е кривично дело според чилеанскиот закон. И покрај пресудата, компанијата објави дека ќе се обиде да ги врати парите.

„Ќе преземеме сите можни правни чекори, особено барање за поништување на пресудата, со цел да се постигне преиспитување на одлуката“, изјавија тие за Diario Financiero.

Судот: Нарекувањето на шефот „кретен“ не е доволна причина за отпуштање
Во друг необичен случај, британскиот суд за труд пресуди дека навредувањето на шефот или дури и нарекувањето „кретен“ не значи автоматски отпуштање. Според одлуката на судот, таков испад не претставува „сериозно кршење на работната дисциплина“ ако се случи во емоционална состојба.

Пресудата се однесува на случајот на Кери Херберт, раководител на канцеларија во градежната компанија „Мејн груп сервисиз“, која го изгубила трпението за време на состанок во 2022 година затоа што мислела дека ќе биде отпуштена.

Кога беа споменати проблемите со нејзината работа, таа почна да плаче и рече: „Да беше некој друг во оваа ситуација, одамна ќе си заминеше поради она што се случува во канцеларијата, но јас останав само поради вас двајца кретени.“

Нејзиниот шеф одговори: „Не ме нарекувајте мене или жена ми кретени. Доста е, отпуштена сте. Соберете ги вашите работи и излезете.“

Херберт праша дали навистина е отпуштена, а шефот потврди: „Да, отпуштена сте. Сега губи се.“ Во нејзиниот договор пишуваше дека може да биде отпуштена поради навредлив јазик, но само по опомена. Таа поднесе тужба за неоправдано отпуштање и доби 34.400 евра надомест и судски трошоци.

ИЗДВОЕНИ