EPA/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Кирил Дмитриев, советник на Владимир Путин и раководител на државниот фонд РДИФ, предложи изградба на железнички тунел „Путин–Трамп“ кој би ја поврзувал Русија со САД под Беринговото Море. Проектот, долг 112 километри и проценет на околу 8 милијарди долари, би бил финансиран од Москва и меѓународни партнери.

Дмитриев ја презентираше идејата по телефонскиот разговор меѓу Путин и Доналд Трамп, за време на кој двајцата лидери се согласија да се сретнат во Будимпешта. Тунелот, според него, би овозможил заедничко истражување на природни ресурси и би „симболизирал единство“ помеѓу двете земји.

Идејата за поврзување на Русија и Алјаска не е нова – првите концепти датираат од 1904 година, а слични планови се појавија и во 2007 година. Беринговиот теснец на најтесната точка е широк 82 километри, но никогаш не е реализирана железничка врска.

Дмитриев посочи дека тунелот би можела да го изгради „Боринг компани“ на Илон Маск, но ниту Маск ниту Трамп досега не се огласија за предлогот. Тој, исто така, објави историски нацрти и графички прикази на можната рута од Чукотка до Алјаска, потсетувајќи на слични идеи од времето на Студената војна, како „Мостот на мирот Кенеди–Хрушчов“.

ИЗДВОЕНИ