НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ: Син (57) ја глумел неговата мртва мајка и живеел од нејзината пензија

71

Според дневниот весник „Кориере дела Сера“, во градот Борго Вирџилио во покраината Мантуа во Италија е откриен маж кој се претставувал како неговата почината мајка. Педесет и седумгодишникот три години ја криел природната смрт на мајка си за да ја добие нејзината месечна пензија. Но, потоа се појавил огромен проблем: личната карта на жената била истечена – а без важечки документ нема исплата. Затоа облекол фустан, ставил перика и се појавил во матичната служба на градското собрание.

Службениците веднаш ја препознале измамата, објавува весникот. Го замолиле да се врати „во соодветна облека“. Тој го сторил тоа, но полицијата веќе го чекала во градското собрание. За време на истрагата, полицајците откриле морничава тајна: жената починала од природна смрт во 2022 година.

Нејзиниот син го скрил телото во подрумот, каде што полицијата ги пронашла мумифицираните остатоци потпрени на ѕидот. Тие биле испратени на преглед во мртовечницата на блиската болница. Човекот, според весникот, сега е гонет за прикривање на телото и измама.

ИЗДВОЕНИ