Неверојатен инцидент во Индија: Рој пчели слета на вратата на „Ербас А320“ – авионот безбедно полетал по интервенција од пожарникари/видео

199
Фото:принтскрин/видео

Во необичен инцидент во понеделникот, летот на „ИндиГо“ од Сурат до Џајпур беше одложен за повеќе од еден час откако рој пчели слета на вратата од товарниот простор. Ербас А320, кој требаше да полета од Сурат во 16:20 часот, конечно полета во 17:26 часот, пренесе „Њујорк тајмс“.

Патниците веќе биле качени во авионот и нивниот багаж се товарел во авионот кога ројот пчели слета на отворената врата. Настанала конфузија додека персоналот на аеродромот се обидуваше да ги исплаши пчелите. Прво пробале да испуштат чад, но тоа не успеа, па беше повикана противпожарната служба.

Противпожарно возило пристигнало на пистата и почнало да прска вода на вратата од товарниот простор. Упорните пчели конечно попуштиле и одлетале од нивното необично место за одмор, а авионот полетал по еден час чекање.

Портпаролот на „ИндиГо“ изјави за медиумите: „Летот 6E-784 на линијата Сурат-Џајпур беше одложен поради инцидент со пчели, што е надвор од наша контрола, а авионот полета откако добивме дозвола. Ги следевме стандардните процедури.“

ИЗДВОЕНИ