Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху рече дека војната не е заврешна, како и дека „Хамас“ повторно се вооружува, и Газа ќе биде демилитаризирана „на полесниот или на потешкиот начин“.
„Војната не е завршена и „Хамас“ ќе биде разоружана“, изјави премиерот на Израел Бенјамин Нетанјахѕ во обраќањето до Ксенетот, израелското собрание.
„Оние кои сакаат да ни наштетат повторно се вооружуваат. Не се откажаа од својата цел да не уништат. „Хамас“ ќе биде разоружана. Газа ќе биде демилитаризирана. Тоа ќе се случи на полесен или на потежок начин“, рече Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Премиерот на Израел оцени дека Израел повеќе од кога и да е им се приближува на земјите во регионот и додаде дека јавноста ќе слуше за тоа.
„Израел е одлучен да ги спроведува договорите за прекин на огнот во Газа и во Либан „со челична тупаница“. Можете да видите што се случува секој ден во Либан“, рече тој.
Нетанјаху наведе дека воениот притоск на „Хамас“ и операцијата на Одбранбените сили на Израел во градот Газа, заедно со дипломатскиот притисок на САД да се изолира „Хамас“, овозможиле да се вратат дома сите живи заложници и голем број од паднатите заложници.












