Нетанјаху: Војната може ВЕДНАШ да заврши, ако Хамас го прифати предлогот на Трамп

495

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави вечерва дека војната во Појасот Газа би можела да заврши „веднаш“ ако палестинското движење Хамас го прифати предлогот за примирје што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.

„Израел ги прифати принципите, предлогот што го изнесе претседателот Трамп за прекин на војната, почнувајќи со итно ослободување на сите наши заложници“, рече Нетанјаху на настанот во амерканската амбасада во Ерусалим.

Израелскиот премиер додаде дека ако се прфати предлогот на претседателот Трамп, војната може веднаш да заврши“.

Трамп во неделата рече дека го издал последното предупредување до Хамас да ги врати израелските заложници што ги чува во Појасот Газа.

„Израелците ги прифатија моите услови. Време е и Хамас да ги прифати. Го предупредив Хамас на последиците ако одбие“, додаде претседателот на САД.

ИЗДВОЕНИ