
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека се надева дека земјата во понеделник, 13 октомври ќе може да го прослави Денот на радоста по враќањето на заложниците од страна на палестинската група „Хамас“.
„Пред две години празникот Симхат Тора стана ден на националната жалост. Оваа година, со Божја помош, Симхат Тора ќе снате ден на национална радост, поради враќањето на сите наши браќа и сестри заложници“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.
Симхат Тора, е еврејски празник познат и како Радоста на Тората, кој оваа година почнува во понеделник, 13 октоври, вечерта.
Нетанјаху додаде дека од 48 заложници „Хамас“ 20 се живи, а 28 мртви, со што прв пат е потврдена смртта на двајца луѓе кои палестинсктие власти ги немаа објавено претходно. Меѓу заложниците се наоѓа и 24-годишниот пијанист Алон Охел, кој е исто така и државјанин на Србија.