
Велејќи дека е свесен дека Израелци загинале во иранските напади и дека нивните семејства тагуваат, Бенјамин Нетанјаху вели дека и неговото семејство е погодено од војната бидејќи неговиот син ја откажал својата свадба, пренсе „Ал-Џезира“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за време на посетата на болницата Сорока по иранскиот ракетен напад, рече дека „сите Израелци ја плаќаат цената“ поради иранските ракетни салвои, велејќи дека иако некои луѓе загинале во тие напади, неговото семејство било погодено од војната кога неговиот син Авнер морал да ја откаже својата свадба, објави израелскиот портал „Хаарец“.
„Има луѓе кои загинаа, семејства кои тагуваат за своите најблиски, навистина го ценам тоа“, рече Нетанјаху.
Тој додаде дека последиците од војната влијаеле и на неговото семејство.
„По втор пат, мојот син Авнер мораше да ја откаже својата свадба поради закани од лансирани ракети, што е секако голема лична цена платена од него, неговата свршеница и нашето семејство“.
Денеска е седми ден е од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран.
Најголемата болница во јужен Израел, Сорока, беше сериозно оштетена во нов ирански ракетен напад.
Иранската војска соопшти дека болницата во Бершеба, која се наоѓа веднаш до седиштето на израелските сили, била цел на нападот.
Тел Авив и други места исто така беа погодени, а израелските медиуми објавија дека бројот на повредени се искачил на 137.