Нетанјаху се затру со храна и заврши во болница

173
EPA-EFE/MAYA ALLERUZZO / POOL POOL PHOTO

На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му е дијагностицирано воспаление на цревата предизвикано од труење со храна, објави неговиот кабинет во неделата.

Нетанјаху се чувствувал лошо преку ноќ и бил прегледан од лекар во својот дом, се вели во соопштението.

Неговата состојба е стабилна и тој планира да продолжи да работи од дома по тридневна пауза.

Израелскиот премиер Нетанјаху (75) бил хоспитализиран неколку пати.

Минатата година тој подложеше на операција на простата и хернија, а во 2023 година му беше вграден пејсмејкер.

ИЗДВОЕНИ