Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес се сретна со американскиот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Израел, еден ден откако израелските напади врз Појасот Газа го доведоа во прашање кревкото примирје што е во сила од 10 октомври.
„Премиерот Нетанјаху претходно денес се сретна со специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на претседателот Доналд Трамп, за да разговараат за развојот на настаните во регионот“, изјави Шош Бедросијан, портпаролка на неговиот кабинет.
Нетанјаху треба да се сретне и со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој треба да го посети Израел неколку дена со сопругата Уша Венс.