Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се надева дека ќе биде објавено ослободување на сите заложници во Газа во наредните денови.
Индиректните разговори со Хамас за новиот американски план за завршување на војната ќе продолжат во Египет во понеделник.
Во кратка изјава доцна вчера вечерта, Нетанјаху рече дека испратил делегација во Египет „за да ги финализира техничките детали“, додавајќи дека целта на неговата влада е да ги ограничи разговорите на временска рамка од неколку дена.
„Хамас“ претходно изјави дека прифатила некои елементи од американскиот план. Претседателот Доналд Трамп го поздрави чекорот, но предупреди дека „Хамас“ мора да дејствува брзо, или сите опции ќе бидат отворени“.
Порано во текот на денот, директорот на болницата Шифа, Мохамед Абу Селмија, рече дека израелското бомбардирање на градот Газа „значително се намалило“, иако најмалку пет Палестинци биле убиени.
Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека лидерите на земјата ѝ наредиле да се подготви за првата фаза од американскиот план за завршување на војната во Газа.