Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер

20
Фото: EPA/WILL OLIVER / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека повторно ќе се кандидира за премиер на претстојните избори, пренесе „Бета“.

Тој одговори потврдно кога новинар го праша дали има намера повторно да се кандидира во гостување на израелската телевизија „Канал 14“.

Нетанјаху, кој е и лидер на Ликуд, најголемата десничарска партија во Израел, повремено е премиер од 1996 година, што го прави неговиот премиерски мандат од повеќе од 18 години најдолг во израелската историја.

ИЗДВОЕНИ