Нетанјаху остро го критикуваше британскиот премиер за најавата за признавање на палестинската држава

387

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес остро го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер за најавата на вториот за евентуално признавање на палестинската држава, велејќи дека тоа „го наградува монструозниот тероризам на Хамас и ги казнува неговите жртви“.

„Џихадистичката држава што денес е на границата со Израел утре ќе ѝ се заканува на Велика Британија. Помирувањето со џихадистичките терористи секогаш не успева. Нема да успее и за вас. Нема да се случи“, рече Нетанјаху на социјалната мрежа „Икс“, објавува „Тајмс оф Израел“.

Министерството за надворешни работи на Израел, исто така, ја осуди изјавата на Стармер дека ќе ја признае Палестина ако Израел не се согласи на мир, што би довело до решение за две држави.

„Израел ја отфрла изјавата на британскиот премиер. Промената на ставот на владата на Велика Британија, по француските акции и домашниот политички притисок, претставува награда за Хамас и ги поткопува напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и обезбедување ослободување на заложниците“, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ