Нетанјаху не ја исклучува можноста за атентат на ајатолахот Али Хамнеи: „Со тоа би завршил конфликтот“

599
EPA-EFE/RONEN ZVULUN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи „ќе стави крај, а не да го ескалира“ тековниот конфликт меѓу Израел и Иран.

– Ова нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го прекине – изјави Нетанјаху во интервју за ABC, коментирајќи ги медиумските написи дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил израелскиот план за убиство на врховниот лидер на Иран, поради загриженост дека тоа ќе доведе до ескалација на конфликтот.

– Имаме половина век конфликт што го шири овој режим кој ги тероризира сите на Блискиот Исток, ги бомбардира нафтените полиња Арамко во Саудиска Арабија, шири тероризам, субверзија и саботажа насекаде. „Вечната војна“ е она што го сака Иран, а тие нè носат на работ на нуклеарна војна. Всушност, она што го прави Израел е да го спречи ова, да стави крај на оваа агресија, а тоа можеме да го направиме само со спротивставување на силите на злото – рече Нетанјаху.

На прашањето дали Израел навистина ќе го таргетира врховниот лидер, Нетанјаху одговори дека Израел „го прави она што треба да го направи“.

Нетанјаху рече дека убиството на Хамнеи нема да го „ескалира конфликтот“, туку „да стави крај на него“.

ИЗДВОЕНИ