Нетанјаху му се извини на Папата Лав за смртоносниот напад врз црквата: „Израел ја признава грешката – не беше намерно“

301
epa11767048 Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu speaks during a press conference in Jerusalem, 09 December 2024. EPA-EFE/MAYA ALLERUZZO / POOL POOL PHOTO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика папата Лав во петокот, соопшти Ватикан, еден ден откако во израелскиот напад врз единствената католичка црква во Газа загинаа три лица, а неколку други беа ранети.

За време на разговорот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази длабоко жалење поради трагичниот инцидент во кој залутана муниција ја погоди католичката црква „Свето семејство“ во Газа. Во телефонски разговор со папата Лав XIV, Нетанјаху изрази сочувство до семејствата на жртвите и нагласи дека инцидентот се случил ненамерно.

„Израел ја признава грешката“, се наведува во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.

папата го повтори својот апел за прекин на огнот и крај на војната во Газа и изрази загриженост за „драматичната“ хуманитарна ситуација во палестинската енклава, се вели во соопштението на Ватикан.

Папата Лав, исто така, ја нагласи и итната потреба од заштита на местата за богослужба, верниците и сите луѓе на палестинските територии и во Израел, се додава во соопштението, објави Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ