Нетанјаху: Многу сме блиску до елиминирање на заканите од нуклеарни и балистички ракети

35
screenshot video

Израел е многу блиску до постигнување на својата цел за елиминирање на двојната закана од балистичките ракети и нуклеарната програма на Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер вети дека неговата земја нема да дозволи да биде вовлечена во војна до исцрпување, но, исто така, рече дека нема да ја заврши иранската кампања предвреме.

„Не се сомневам дека ова е режим кој сака да не уништи, и затоа ја почнавме оваа операција со цел да отстраниме две специфични закани за нашето постоење, нуклеарната закана и заканата од балистички ракети. Чекор по чекор се движиме кон остварување на тие цели. Многу, многу сме блиску до нивната реализација“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ