Нетанјаху испраќа делегација во Доха на преговори со Хамас

105

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека испраќа делегација во Доха на преговори за продолжување на прекинот на огнот со палестинското движење Хамас, кој е на сила од 19 јануари.

По уште една размена на израелски заложници во Газа за Палестинците кои ги држеше Израел, Нетанјаху нареди делегација во Катар.

Нетанјаху планира утре да одржи состанок на кабинетот за безбедност на оваа тема по неговото враќање од САД, се вели во соопштението за печатот од израелската влада.

 

Катар е главниот посредник во преговорите за прекин на огнот, чија прва фаза треба да заврши на 1 март.

Хамас претходно денеска објави дека е подготвен да ги продолжи преговорите.

ИЗДВОЕНИ