Нетанјаху нареди неговиот говор во ОН да го пуштат на разглас во Газа: „Тоа е чин на психолошка војна“

15
X/Screenshot

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на Израелските одбранбени сили да го емитуваат неговиот говор на Генералното собрание на ОН во живо за жителите на Појасот Газа.

На Израелските одбранбени сили (ИДФ) им беше наредено да инсталираат звучници на камиони низ Појасот во петокот наутро, но Канцеларијата соопшти дека говорот ќе се емитува само од израелската страна на границата. Сепак, според војниците и жителите, а како што се гледа и во видеата на социјалните медиуми, камионите биле однесени и до воени позиции, вклучувајќи ги и оние на неколку километри длабоко во Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека операцијата не смее да го доведе во опасност израелскиот воен персонал.

Сепак, дел од воените кругови остро реагирале на ваквата одлука.

„Тоа е ненормална идеја. Никој не разбира каква воена корист може да има од ова“, изјавил висок офицер за весникот Haaretz.

Војската, и покрај противењето, нема да ја одбие наредбата на канцеларијата на премиерот и веќе се подготвува за емитување на говорот.

Израелските медиуми пренесуваат дека потегот се смета за форма на психолошка војна, иако дел од безбедносните аналитичари предупредуваат дека ваквата акција е повеќе симболична отколку ефективна.

Говорот на Нетанјаху во Њујорк е закажан за 16 часот по израелско време. Се очекува тој да го искористи настапот за жестока критика кон западните земји што ја признаа палестинската држава, како и за напад врз ОН за, како што ќе каже, „неподдршката кон Израел“.

Оваа одлука доаѓа во момент кога во Газа продолжува израелската офанзива, а меѓународниот притисок за запирање на насилствата расте. – Скопје1.мк

ИЗДВОЕНИ