Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израл го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање на стратешките позиции и ги зајакнува безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни летала на „Хезболах“.
„Израелската војска дејствува со значајни сили на терен и презема контрола над стратешки доминантните позиции. Ја зајакнуваме безбедносната тампон зона со цел да ги заштитме заедниците во северен Израел“, изјави Нетанјаху на седницата на израелскиот Кабинет за безбедност, пренесува „Тајмс оф Израел“. Според него, Израел работи на унапредување на решениет против беспилотни летача кои носат експлозиви.
Седницата беше отворена отако Нетанјаху претходно денеска се консултираше со министерот за одбрана на Израел Кац и со началникот на Генералштабот на израелската војска, генерал потполковник Ејал Замир, во воениот штаб Кирија во Тел Авив, објави „Танјуг“.
Израелската војска претходно денес објави дека во последните денови ги проширила копнените операции надвор од одредената безбедносна зона во делови од јужен Либан, објави „Танјуг“.












