Нетанјаху даде инструкции веднаш да започнат разговорите за ослободување на сите заложници во Газа

17

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва објави дека дал „инструкции веднаш да започнат преговори со цел ослободување на сите“ израелски заложници во Газа.

Ова наводно е одговор на новиот предлог за прекин на огнот презентиран од медијаторите.

„Дадов инструкција веднаш да започнат преговорите за ослободување на сите наши заложници и да се стави крај на војната под услови прифатливи за Израел“, рече премиерот во видео објавено од неговата канцеларија, пренесува „Бета“.

Тој, исто така, рече дека се подготвува да ги „одобри“ плановите на израелската војска за освојување на градот Газа.

ИЗДВОЕНИ