
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел е „многу блиску до остварување на своите две цели“ во конфликтот со Иран, од кои првата е елиминирање на нуклеарните и балистичките закани.
Нетанјаху додаде дека постојано проценува дали се создадени услови за завршување на војната со Иран, објави „Тајмс оф Израел“.
„Направен е многу сериозен удар врз нуклеарниот погон Фордо и сега го завршуваме она што треба да се заврши“, рече Нетанјаху.
Зборувајќи за односите со Саудиска Арабија, Нетанјаху рече дека ќе најде начин да постигне мир со Ријад, но без да прифати палестинска држава.
Саудиска Арабија постојано нагласува дека нема да ги нормализира односите со Израел без да отвори пат кон решение со две држави.
„Мислам дека нашата сила е клучот за сè“, објасни Нетанјаху, додавајќи дека разговарал со арапските лидери и дека тоа остава силен впечаток врз нив.