Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од ОН да престане да ја обвинува неговата влада за хуманитарната состојба во Појасот Газа откако војската изјави дека ќе го олесни преминувањето на хуманитарната помош на палестинската територија, објави „Бета“.
„Постојат безбедни коридори. Тие отсекогаш постоеле, но денес е официјално. Нема да има повеќе изговори“, рече Нетанјаху за време на посетата на воздухопловна база.
ОН ги поздрави изјавите на војската, но остана претпазлива во врска со нивното влијание и методите на имплементација на територија уништена од повеќе од 21 месец војна.