Несреќен инцидент во Цетиње: полицаец случајно се застрела при интервенција

117
Полицијата на Цетиње соопшти дека ги испитува околностите под кои денеска во попладневните часови еден полициски службеник се повреди самиот себеси со огнено оружје при интервенција на Дворски плоштад.

Неколку граѓани се обратиле денеска барајќи помош од полициката поради куче од расата кангал кое лутало по градскиот плоштад, стравувајќи дека кучетои би можело да ја загрози безбедноста на луѓето, пренесуваат подгоричкиот весник „Вјести“.

Откако комуналната полиција не успеала да го отстрани опасното куче, на местото на настанот излегле припадници на цетињската полиција.

Во теткот на обидот да ги заштитат граѓаните и да го отстранат кучето од улицата, наводно дошло до употреба на бибер спреј, а потоа и на огнено оружје, при што еден полицаец самиот се ранил себеси со огнено оружје, наведува весникот.

Полицијата ги утврдува околностите на настанот, но засега не е познато како дошло до самоповредувањето на припадниците на цетињската полиција, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ