Во близина на аеродромот Биково кај Суботица, вечерва се урна спортски авион од типот „Пајпер“, при што загина едно лице, а друго беше повредено, пишува nova.rs.
Според првите неофицијални информации, во леталото имало двајца членови на екипажот. За жал, едниот починал на местото на несреќата, додека другиот бил итно префрлен во болница.
Истрагата е во тек
Причината за падот на авионот сè уште е непозната. Екипи на полицијата, противпожарно-спасувачките единици и брзата помош веднаш излегоа на местото на настанот. Областа е обезбедена, а истрагата ќе ги утврди сите околности што доведоа до оваа трагедија. Повеќе детали се очекуваат по официјалното соопштение на надлежните институции.












