Несоодветна е објавата на Путин за тестирањето на ракетата на нуклеарен погон, смета Трамп

27
EPA/Francis Chung / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја нарече објавата на рускиот претседател Владимир Путин за успешен тест на нуклеарен ракета „несоодветна“.

„Несоодветно е Путин да го каже тоа. Тој треба да ја заврши војната“ во Украина, изјави американскиот претседател за новинарите за време на турнејата низ Азија.

„Оваа војна, која требаше да трае една недела, е на прагот да влезе во својата четврта година“, рече Трамп, додавајќи дека Путин треба да се занимава со таа војна, наместо да тестира ракети.

Путин вчера објави дека е успешно спроведен последниот тест на нуклеарен ракета, Буревестник, пофалувајќи го она што го нарече „уникатно“ оружје со дострел до 14.000 километри.

„Одлучувачките проби сега се завршени“, рече Путин во видео објавено од Кремљ, за време на состанокот со воените претставници.

Тој нареди почеток на „подготовка на инфраструктура за распоредување на ракетниот систем Буревестник во руските вооружени сили“.

За време на најновото тестирање, ракетата беше во воздух „околу 15 часа“ и прелета 14.000 километри, изјави началникот на Генералштабот на руската војска, Валериј Герасимов, додавајќи дека „ова не е границата“ на оружјето.

ИЗДВОЕНИ