Поранешниот шпански голман, Сантијаго Кањизарес, коментираше за настапот на својот поранешен клуб, Реал Мадрид, на Светското клупско првенство во САД и забележа дека еден од играчите повеќе не личи на себе.
Чаби Алонсо го имаше своето деби на клупата на Реал Мадрид, кој ремизираше 1:1 со Ал Хилал. „Кралевите“ не импресионираа, иако лесно можеа да победат, но Федерико Валверде промаши пенал во судиското продолжение.
Лука Модриќ играше, иако следниот месец ќе го напушти Мадрид и ќе стане член на Милан, Килијан Мбапе отсуствуваше поради болест, а меѓу стартерите беше и еден Бразилец што, очигледно, има сериозни проблеми во главата.
Веќе некое време се споменува Родриго како можно засилување на англиските гиганти, иако се зголемуваат шансите да остане играч на Реал. Сепак, легендарниот Кањизарес смета дека е загубен на теренот.
Зборувајќи во емисијата COPE за играта на бразилскиот крилен напаѓач, поранешниот голман не штедеше зборови. Тој беше јасен и решителен за ова прашање, велејќи: „Не го разбирам тоа“.
- Мора да се случува нешто со тоа дете. Нема да се мешам бидејќи не знам. Тој не изгледа како Родриго каков што беше порано. Не велам каков беше Родриго порано, само што не изгледа како професионален играч на последните натпревари или во последниве неколку месеци. Го гледав ова дете како игра, играше многу добро, а сега го гледам како исчезнува, апатичен е и не влегува во игра – рече Кањизарес.
По натпреварот, едно од прашањата на кои мораше да одговори Чаби Алонсо беше за настапот на Родриго. Тренерот побара трпение, наведувајќи дека го користи ова лето за „ресетирање“.
- Знам дека не беше лесен крајот на сезоната за Родриго, но зеде малку одмор, што беше добро за него. Не можам да ви кажам сè. Разговаравме, споделувавме работи, а сега ќе го примениме тоа практично. Гледам дека е желен да игра, да придонесува и, пред сè, да ужива во својот квалитет – рече новиот тренер на Реал Мадрид.
Бразилецот повторно беше вклучен во шпекулации за трансфер ова лето. Минатата сезона се чинеше дека е блиску до Манчестер сити, а сега одредени шпекулации го поврзуваат со Арсенал. Реал не е подготвен да го пушти Бразилецот за помалку од 100 милиони евра, се очекува тој да го носи дресот на Реал и следната сезона, но ќе мора да се „разбуди“ ако сака Алонсо да му даде можност. Во спротивно, брзо ќе заврши на клупата.