Посетителите на планината Олимп во Грција од раните утрински часови се сведоци на необична глетка – вистински зимски пејзаж на почетокот на октомври, бидејќи „Планината на боговите“ е покриена со снег.
Првиот есенски снег ги покри врвовите и планинските области, а сцените се нереални. До пред неколку дена, туристите во Грција уживаа во морето, пливањето и топлите денови, а сега веќе можат да се гаѓаат со снежни топки и да го почувствуваат шармот на вистинската зима.
Στα λευκά ❄️ έχει ντυθεί από τα ξημερώματα το βουνό των θεών.
Μια μαγική εικόνα σε συνεργασία με το καταφύγιο @olympus_refuge_2648m
Βίντεο : @themis_pounar #Olympos #mountain #olympousmountain #forecastweather pic.twitter.com/KtgUj4ql6N
— Forecast Weather Greece (@ForecastGreece) October 2, 2025
Видео од планината Олимп покриена со снег пред календарскиот почеток на зимата беше објавено на „X“ Forecast Weather Greece и предизвика вистинско воодушевување кај љубителите на зимата.
Грција ова лето имаше неколку топлотни бранови ова лето со температури над 40 степени, поради што популарните туристички атракции во Атина беа затворени во најжешкиот дел од денот, а на одредени работници им беше забрането да ги извршуваат своите активности.