Непроспиена ноќ за туристите и угостителите во Црна Гора: Ветарот носеше лежалки, градот оштети покриви/ВИДЕО

2958

Силно невреме го погоди Которскиот Залив синоќа и предизвика штети во областа околу Херцег Нови. Силни ветрови дуваа од околните планини, а со силни налети донесе дожд и град.

Цела ноќ немаше сон ниту за угостителите, ниту за туристите. Во Бијела, Баошиќи и Ѓеновиќи, сè изгледаше како „крај на светот“. Ветерот кинеше јажиња за алишта, ги однесе лежалките од плажите и од кафулињата, а градот оштети покриви на објекти, па набрзо сè прокисна откако водата навлезе во внатрешноста.

„Не беше нормално, толку создаде бучава, а денот беше вистинско лето. Потоа вечерта вистинска катастрофа“, вели еден од туристите што се нашле во Ѓеновиќи.

Многу автомобили паркирани на земја, покрај патот, речиси пропаднаа до половина во земјата, бидејќи дождот донесе многу песок и вода. Небото над Црна Гора во еден момент беше целото покриено со молњи.

ИЗДВОЕНИ