Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед, во вторникот предупреди на „непромислени чекори“ во размената на напади меѓу Иран и Израел, што може да доведе до ширење на последиците надвор од границите на тие земји, пренесе „Ројтерс“.
Претходно, претседателот на ОАЕ Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан разговараа за нападите на Израел врз Иран, при што Бин Зајед рече дека ОАЕ одржуваат интензивни разговори со „сите засегнати страни“ за да се смири ситуацијата.
Тој изрази солидарност со Иран и неговиот народ во сегашните околности. „Ројтерс“ наведува дека Абу Даби ги подобрил односите со Техеран во последните години, по неколкугодишни тензии.
Покрај тоа, ОАЕ ги нормализираше односите со Израел во 2020 година, пренесува Танјуг.