Непријатна средба на Бен Афлек со Џенифер Лопез/ФОТО

160

Актерот Бен Афлек се најде во, навидум, прилично незгодна ситуација во петокот навечер во Лос Анџелес, кога двете негови поранешни сопруги – Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер – се појавија на истата училишна претстава.

Причината за повторното обединување беше претстава во која ќерката на Афлек и Гарнер, Серафина, како и детето на Џенифер Лопез, Ема, настапија заедно.

Според фотографиите на Page Six, Афлек пристигнал во театарот со Џенифер Гарнер и нивниот син Самуел (13), додека Лопез пристигнала одделно.

Иако сите се нашле на исто место, изворите велат дека немало директна комуникација меѓу поранешните сопружници, барем не за време на јавниот дел од настанот.

Џенифер Лопез (56) беше придружувана од менаџерот Бени Медина и мајката Гвадалупе, и беше видена како разговара со други родители и деца.

Во еден момент, Афлек и Лопез беа на кратко растојание еден од друг, но разговараа со различни групи луѓе, а актерот беше свртен со грб кон неговата поранешна сопруга.

Интересно е што синот на Афлек, Самуел, сепак одвои време да разговара со Лопез, со која разви близок однос за време на нејзиниот брак со неговиот татко. Двајцата беа видени како се смешкаат и водат неформален разговор надвор од театарот.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер се венчаа во 2005 година и се разведоа во 2015 година, но останаа блиски по разводот поради нивните деца.

Гарнер постојано јавно го поддржуваше Афлек за време на неговата борба со зависноста, а нивниот однос често се наведува како пример за успешно заедничко родителство.

Откако се разведе од Гарнер, Афлек во 2021 ја обнови својата романса со Џенифер Лопез, со која беше верен од 2002 година.

Двојката се венча во јули 2022 година и ги обедини своите семејства – Лопез ги има близнаците Ема и Макс од бракот со Марк Антонио.

Сепак, во мај 2024 година се појави информација дека тие живеат одвоено, а Лопез официјално поднесе барање за развод во август истата година.

ИЗДВОЕНИ