Тренерот на Мајами хит, Ерик Сполстра (54), е именуван за нов тренер на машката кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави, објавија од НБА. Тој ќе го предводи тимот на САД на Светското првенство во Катар, во 2027 година и Олимписките игри во Лос Анџелес, во 2028 година.
Сполстра беше избран од извршниот директор на Националната кошаркарска асоцијација на САД, Грант Хил, и беше одобрен од Одборот на директори на Кошаркарската асоцијација на САД.
- Ова е неверојатна чест.! Претставувањето на нашата земја и водењето спортисти од светска класа на престижни натпревари се една од најголемите привилегии во спортот. Со нетрпение очекувам да ја продолжам традицијата на извонредност и тимска работа што ја карактеризира американската кошарка – рече Сполстра по назначувањето.