Неофицијални изборни резултати во Албанија: Триумф на Социјалистичката партија на Еди Рама

204

Според првите изборни резултати објавени од „Албаниан пост“ и „Клан Косова“, Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама извојува убедлива победа на парламентарните избори во Албанија, освојувајќи 79 места, пренесуваат агенциите.

На второ место е коалицијата собрана околу Демократската партија предводена од Сали Бериша, со 54 пратенички места.

Политичките партии сè уште не дале официјални изјави за резултатите.

Пред седиштето на Социјалистичката партија, претставници на партијата им изјавија на новинарите дека Еди Рама нема да се обрати на јавноста пред вторник, нагласувајќи дека „нема да зборува додека не се преброи последниот глас“.

Според Централната изборна комисија, до 18 часот, излезноста била 41,41 процент.

Највисока излезност од сите региони е забележана во Дибра со 48 проценти до 18 часот. Ова го објави „Албански пост“.

Од друга страна, Валона ја забележа најниската излезност, со учество од 29,04 проценти.

ИЗДВОЕНИ